Несекојдневна глетка, на Богородица утрово речиси без патници за Грција

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот. На преминот Богородица надзорната камера во 8.30 часот покажува дека речиси и да нема автомобили за влез во Грција. Toa e несекојдневна глетка имајќи ги предвид летните месеци и особено викендите кога се чекаше на границата и по еден час па и повеќе.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од утре во 12 часот, мостот на река Кумановка на патот R1204, делница Куманово – Свети Николе, ќе биде прооден за сообраќај, посочуваат од АМСМ.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе