„Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај во посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе престојува делегација на Српската православна црква предводена од неговата светост.
На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски" во Скопје, неговата светост српскиот патријарх г. г. Порфириј и неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви ќе служат божествена литургија.
Го повикуваме верниот народ на МПЦ– ОА да земе молитвено учество“, соопшти Светиот синот на МПЦ-ОА.