Искршен прозорец, запалено знамето на ЕУ...

МВР: На ненајавениот протест пред Владата повредени се четворица полицајци

Четворица повреденени полицајци, скршен прозорец на Владата и уништена заштитна ограда е резултатот по вчерашниот протест кои МВР ги регистрираше. 

„На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Така, околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда. Околу 20.30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски" за укажување на лекарска помош“, велат од МВР. 

Од таму додаваат дека денес, во 01.33 часот, пак, е пријавено дека околу 00.20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе