Музичките ѕвезди со порака: Носам маска за повторно да свириме пред публика

Како поддршка на кампањата НосаамМаска македонските естрадни уметници Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.  

„Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание, како и честото миење на рацете, во моментов се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот“, порачуват од Министерството за здравство.

По усвоените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, на сила е мерката за носење лична заштита на лицете: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана  и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Оваа мерка не важи:

– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;

– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;

- при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;

- ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и

- ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

Министерството за здравство повторно апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, затоа што тие се клучни во борбата со овој непредвидлив непријател.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе