Мразот стегна утрово на високите места

За прв пат од летово навака измерени се и минусни температури во земјава. Утрово на Попошва Шапка и во Лазарополе биле измерени  -1 степен, а во Берово се измерени 0 степени. Во текот на денот температурите ќе пораснат, во Скопје до 18 степени, а максималната во земјава се очекува да достигне до 21 степен.

Панорама на Лазарополе

Измерени се 1 степен во Маврови Анови и Крива Паланка, 2 во Крушево, 3  во Штип, Битола, Претор, 4 во Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 во Демир Капија, 6 во Тетово, 8 во Куманово, 9 во Скопје-Петровец, Дојран, 10 во Скопје на Зајчев Рид, а најтопло беше во Гевгелија  со 11 степени.

Според УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Легенда под Главна слика

Панорама на Лазарополе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе