Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир

По одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на Охридската Архиепископоија во прва официјална посета на Бигорски манастир престојуваат монаси од Света Гора. Во Бигорски се игуменот на светогорската Свештена обител Есфигмен, архимандритот  Вартоломеј, заедно со браќа монаси од својот манастир и во придружба на архимандрит Никанор од манастирот на Светите бесребреници во градот Перник.

„На свечениот и официјален манастирски пречек, од страна на нашиот старец и игумен, епископ Партениј Антаниски, на светогорскиот старец му беше подарен архимандритски крст од илјадагодишниот јубилеј на Бигорската обител. 

Епископот Партениј го потенцирал значењето на оваа посета по одлуката на Вселенската патријаршија.

„Сегашниов благодатен настан за нас преставува една огромна радост, особено затоа што вие сте првиот игумен од Света Гора кој доаѓа во официјална посета на нашиот манастир по прогласувањето на богслужбеното и канонско единство на нашата Црква од страна на светиот престол на Мајката црква, Вселенската патријаршија. За нас, како и за сите православни, Света Гора значи многу. Вие го донесовте благословот на Света Гора овде, само неколку дена по пристигнувањето на благата вест од пресветлиот центар православието,Вселенската патријаршија. Ние искрено се надеваме дека од денес ќе започне нашата поголема соработка со светогорската монашка заедница, со вас и со другите игумени и монаси“, рекол владиката Партениј.

Вартоломеј пак потенцирал дека му се исполнила тајната желба што ја имал со години да го посети овој манастир.

„Една тајна желба што ја имав многу години, во овој миг ја гледам како се исполнува на еден чудесен начин. Не беше во нашата програма да дојдеме овде во манастирот, зашто нашата мисија беше да ги однесеме во Софија за поклонение чесните мошти на светите браќа Кирил и Методиј, од кои дел се чуваат во нашата Обител“, потенцирал игуменот.

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе