Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
УХМР прогнозира многу топло време во наредните денови. Поради влијание на циклонска активност од исток, во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со град и силен ветер.