Македонско еколошко друштво

МЕД залови втора женка рис близу Стража, ловџиите ја крстија Нарциса (ФОТО)

На 12 февруари тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од овој загрозен вид во месноста Буковиќ, близу Стража.

 

Се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2–3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се преземаа стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката. За време на постапката, присуствуваа претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџии од ловното друштво „Сокол-З“ од село Зајас. Потоа рисицата е пуштена на слобода.

„Ова е втора рисица (по Маја, што ја следевме во 2017 и 2018 година) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и ГПС-следење. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот и за неговите потреби од храна и живеалиште. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фото-стапици. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите податоци со помош на следење на ГПС-сигналот, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4–5 дена“, изјави Диме Меловски, од Македонско еколошко друштво.

Честа да ја именуваат рисицата им припадна на нашите пријатели од ЛД „Сокол-З“, кои одлучија оваа убавица да ја крстат Нарциса. Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород, посакуваат членовите на МЕД.

Од 2010 година па наваму МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои се добија вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно и ни даваат податоци за нивно правилно зачувување.    

На Балканот се проценува  дека има само уште 40 возрасни единки на балкански рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе