Детали за тешката сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Мажот кој што вчера загина во сообраќајка бил удрен со автомобил откако застанале оти им се расипало возилото

Тетовецот кој го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово настрадал кога две возила се судриле, па удриле во две паркирани возила. Прво се судриле „голф" и товарно возило „мерцедес" по што удриле во „опел зафира" и „пежо" кои биле паркирани. Сега веќе починатиот Ф.Р (45) бил сопатник во пежото, кое го управувал Е.К.(27), а се паркирале поради дефект на возилото.

„На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник од товарното возило „пежо", со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф" Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Возилото „голф" со тетовски регистарски ознаки било управувано од М.А.(33) од с.Требош, а товарно моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје.

Возилото „Опел зафира" со тетовски регистарски ознаки, било паркирано од Ш.К.(49). Сообраќајката се случи околу 16.40 часот, кај надвозникот за Требош. По несреќата бил извршен увид.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе