Малку официјални детали за „пукањето во воздух“ во Чаир

По завчерашниот инцидент во Чаир во кој учествувале и полициски функционери, а било пукано во воздух, официјално од МВР нема детали за тоа кој сѐ бил вмешан и дали се точни информациите за високи функционери од ДУИ. Дел од медиумите, како и партиите Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека станува збор за самоволие и криминално однесување на функционери од ДУИ, меѓу кои и  на заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани. Инцидентот започнал откако полицијата запрела возило со вклучени ротациони светла, по што возачот се онесувал агресивно, а на помош му пристигнале други лица. 

Од тоа што синоќа информираше МВР, може да се разбере дека возачот на „митцубиши“ со вклучени флешери се однесувал агресивно, дека на помош му пристигнале неколку лица, меѓу кои М.Љ., кои  физички го нападнале полицискиот службеник. Пристигнале и други полицајци кои исто така биле нападнати од групата, а М.Љ. пукал со пиштол во воздух. Полицијата го совладала и му го одзела пиштолот, но се соочила дополнително со уште неколку лица, во која ситуација М.Љ. избегал. Утредента се предал самиот. 

Од медиуми на албански јазик пак, може да се разбере дека автомобилот имал незакоски поставено флешери - ротациони светла. Возачот го сопреле полицајци од единицата ЕВР, меѓу кои бил и началникот на единицата Едмонд Муртезани. Веднаш се собрале повеќе лица од ресторанот во близина каде нешто се прославувало и каде имало лица од ДУИ. Возачот. се претставувал дека работи за заменик директорот на БЈБ Ариф Асани и барал да биде „пуштен“. Пристигнале шест лица кои се претставиле дека се дојдени во име на Асани, а нивното барање на возачот да му се прогледа низ прсти го одбил началникот Едмонд Муртезани. Тогаш  лицето М.Љ. (наводно по име Мерван) испукал од пиштол, а откако бил совладан, во гужвата, успеал да избега. Нејасно е дали полицајците не реагирале веднаш да го спречат бегството затоа што се јавил заменик директорот на Бирото за јавна безбедност или затоа што биле влечени за униформите од насобраните лица.  Има и верзија дека Асани и лично пристигнал на местото на инцидентот,

Снимките од камерите од ресторанот, каде според некои медиуми биле собрани повеќемина функционери на ДУИ, како и од камерите и од други блиски локации треба да покажат што точно се случило и дали имало или не намера да се пука во полицаец, односно лицето М.Љ. да пука во началникот Едмонд Муртезани.

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека ДУИ е извор на криминал во земјава која стана опасно место за живеење. За конкретниот настан партијата прашува дали МВР молчи за деталите заради вмешанот на заменикот директор на  на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани и бара официјална потврда за негово учество во настанот.

„Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, околу 20 часот, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани, вториот човек задолжен за јавна безбедност!? МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Aлијанса за Албанците, во врска со инцидентот, исто така ја критикува ДУИ како извор на криминалот и бара ветинг во полицијата и воопшто во безбедносните служби на државата.

„Инцидентот во Чаир, во којшто учествуваа највисоки полициски службеници, е најдобар одраз на владеењето на ДУИ. Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта. Тие коишто треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто. ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели“, се вели во реакцијата.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе