Македонија станува европска канабис-суперсила

Македонија е на добар пат да стане првата балканска земја што дозволила рекреативна употреба на марихуаната, вели српска Нова.

Фото: ЕПА

Македонската влада размислува да дозволи рекреативна употреба на марихуаната во кафулињата и на неколку јавни места во Скопје, како и во туристичките центри како што е Охрид, рече неодамна премиерот Зоран Заев.

„Идејата е да се дозволи консумирање марихуана во кафулињата, постојните и новите, и во туристичките места, вклучително и Скопје, под услов да се почитуваат стандардите кога станува збор за вентилацијата, потеклото на марихуана и така натаму“, рече Заев и додаде дека во законското регулирање на ова прашање владата ќе се угледа на Амстердам.

Македонскиот премиер исто така посочи дека легализацијата на марихуаната е дел од пакетот економски мерки што треба да бидат донесени како помош за економијата, која е сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот.

Заев, кој веќе две години ветува јавна расправа за ова прашање, вели дека одлуката сè уште не е конечна и дека доколку мнозинството во земјата биде против, тој ќе го повлече предлогот.

 

Медицинската марихуана е легална од 2016

Продажбата на медицинска марихуана е дозволена во Македонија од 2016 година и таа се продава во аптеките. Оттогаш, производството на медицински канабис е легално во земјата, и покрај критиките од некои невладини организации дека законите се напишани на таков начин што спречуваат малите производители да влезат во пазарната конкуренција.

Сепак, земјата не ја декриминализира целосно употребата на канабисот и министерот за правда Бојан Маричиќ повика на поширока јавна расправа за ова прашање.

„Регулативите во оваа област може да бидат корисни за државата преку регулирање на трговијата со марихуана, намалување на стапката на криминал, но исто така и економски, кога станува збор за секторот за туризам и угостителство“, рече тој.

 

Плантажа на канабис ПХЦАНН

Во почетокот на минатата недела Македонија повторно беше во центарот на вниманието на јавноста кога во главниот град беше отворена огромна плантажа на канабис ПХЦАНН, од каде што секоја година ќе излегуваат околу 15.500 килограми канабис, во форма на масло или во „билна форма“ (пупки).

Фабриката е финансирана преку полската компанија „Фармакан“ и е втора фабрика за производство на канабис во земјата, а марихуаната што се одгледува таму е наменета за европскиот пазар, како и за сите други заинтересирани, објави ПХЦАНН.

На отворањето на фабриката, во рамките на која работи и лабораторија за тестирање и истражување, директорот на ПХЦАНН, Златко Кесковски, рече дека очекува Европа да стане најголемиот пазар за „фармацевтски производи од канабис“ во следните пет години.

 

Донот на марихуаната за потенцијалот на Македонија

Дека Македонија има „голем потенцијал“ во областа на одгледувањето марихуана оцени и Мајк Страуметис, мултимилионер и претприемач во таа област, кој пред неколку години објави фотографија со Заев со коментар „Северна Македонија има голем потенцијал“.

Страуметис, познат како „Дон на марихуаната“, тогаш предвиде дека Македонија ќе стане „една од првите европски канабис-суперсили“.

Мајк Страуметис е извршен директор на компанијата „Адвенсд нутриентс“. Оваа компанија со седиште во Канада е една од најголемите во областа на одгледувањето канабис - се занимава со производство на хранливи материи и додатоци што се користат на фармите. Се проценува дека тој заработил милиони откако се променети законите за одгледување и употреба на канабис во Америка.

 

Ситуацијата во регионот

Во почетокот на годинава Хрватска го претстави предлог-законот за целосна легализација на канабисот за медицински и рекреативни цели, и во моментов се води јавна расправа за нацрт-законот.

Исто така, во мај албанскиот премиер Еди Рама објави дека неговата влада веќе една година подготвува предлог-закон со кој ќе се легализира марихуаната и во оваа земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе