„Навремено се преземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег, се наведува во соопштението од „Македонија пат".
Воедно упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.