Македонија го празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Со низа настани во земјава денеска се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје, повеќе делегации ќе положат цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски”.

Во областа на воспитанието и образованието, државната награда ќе ѝ биде доделена на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академската сликарка – костимограф Елена Дончева.

Св. Климент Охридски е патрон и на Охрид каде празнувањата почнаа од синоќа. Чествувањата продолжуваат и денеска со поклон на делегација пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата „Свети Пантелејмон” на Плаошник, а цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ што го носи неговото име. Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, при што ќе бидат врачени и наградите на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на градот.

По повод празникот на Св. Климент Охридски, кој исто така е патрон и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, утринава ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот повардарски г. Агатангел, во сослужение со митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот антаниски, г. Партениј и бројни свештенослужители на МПЦ-ОА.

Денешниот ден е прогласен за неработен ден во државата.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе