КОВЗРГ: Патот на македонската црква говори за нејзината смиреност, длабока и древна духовност

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) информира дека со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на нашата Македонска православна црква – Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви и ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија. 

„Радува тоа што после Одлуката на Вселенската патријаршија со која се призна и прифати во канонско единство нашата древна и славна Охридска архиепископија се отпочна и со евхаристиско општење помеѓу помесните Македонската и Српската православна црква, во кои се воцрквуваат блиските народи македонскиот и српскиот“, стои во соопштението на КОВЗРГ.

Разрешувањето на македонското црковно прашање, се додава во соопштението, е процес во кој верниот македонски народ и црковниот клир со децении се соочуваат со безброј предизвици, препреки, неправди и понесуваат голема жртва, но во светло на конечното препознавање на канонската исправност и автокефалниот статус кој во полнота го живее Македонската православна црква – Охридската архиепископија од православната екумена, патот на македонската црква говори за нејзината смиреност, длабока и древна духовност која повеќе од милениум го чува светото црковно предание.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе