Колони на Богородица, се чека над 2 часа

И Македонците и Србите навалија викендов во Грција.

И покрај тоа што на сајтот на АМСМ стои дека на граничниот премин Богородица за излез од земјава кон Грција ,,се чека минимално", во реалноста на преминот има долги колони возила, па и кавги со тие што се обидуваат да се протнат преку ред.

Иако ова беше очекувано, бидејќи голем дел граѓани споија четири слободни дена со празникот Св. Кирил и Методиј во вторник, на македонската страна од границата не работат сите пунктови.

На грчкиот премин се чека помалку.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе