„Комисијата за заразни болести покажа загриженост бидејќи има ширење на вирусот во светот. Сите релевантни институции покажуваат одреден степен на загриженост, целта на КЗБ е да го подготвиме системот, односно клиничките патеки за следење на евентуални пациенти. Оваа состојба со мајмунските сипаници не е пропорционална со пандемијата со ковид, но со оглед дека сакаме да сме подготвени како систем, се договоривме да ја следиме состојбата и да обезбедиме се што е потребно за евентуален план за лекување на пациенти. Вирусот на мајмунски сипаници постои половина век. Сите земји имаат проблем да обезбедат квалитетен третман и дијагностицирање. Институтот за јавно здравје веќе воспостави контакт со СЗО (Светска здравствена организација) да се набават тестови и терапии. Симптомите на оваа болест се промена на кожата, меурчиња, висока температура, болки во мускулите, омалаксаност...", појаснува Мехмедовиќ.
За состојбата со ковид-19 за сега нема промени бидејќи како што вели д-р Мехмедовиќ состојбата е стабилна.