Донација за деца од сиромашни семејства

Кинескиот амбасадор донира 310 таблети за ученици од Гази Баба

Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо денеска на градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски му предаде 310 таблети наменети за ученици кои досега не беа во можност да следат онлајн настава.

Амбасадорот Џанг Ѕуо при посетата на општина Гази Баба посочи дека и пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно.

„Вирусот не познава граници, но постои вистинска љубов која го грее светот. Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотите за време на сегашниот тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото. На крајот, посакувам пријателството помеѓу Кина и Северна Македонија да биде вечно и просперитетно“, изјави амбасадорот Ѕуо.

Градоначалникот Георгиевски се заблагодари за донацијата од 310 таблети. 

„Вашиот чин е само уште една потврда за добрата соработка меѓу двете земји и за вашите заложби кон нашиот народ, особено кон нај младите. Нашата соработка како општина со Народна Република Кина очекувам да продолжи и во други области“, изјави Георгиевски.

Кинескиот амбасадор покажал интерес и за новата индустриска зона, која ќе нуди можност за лесна индустрија и комерцијални објекти и посочи дека општина Гази Баба ја гледа како идна локација за нови инвестиции на кинески компании.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе