Километарска колона камиони на граничниот премин Богородица, грчките власти прават брзи тестови на сите

Со часови чекаат македонските превозници на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Колоната камиони е стигната до бензинската пумпа на Лукоил. Од надлежните органи на Македонија добивме информација дека на македонскиот премин нема никаков застој и дека причина за застојот е од грчка страна.

Грчките власти вовеле нова мерка за влез во нивната земја, брзи ПЦР-тестови за сите возачи на камиони на граничните пунктови.

Бугарија веќе реагираше за оваа ненајавена мерка од грчките власти и побара да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница.

Бугарија побара објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи, како и од Министерството за цивилна заштита и националната гранична полиција во врска со воведените брзи тестови за возачите на камиони на граничните пунктови со Бугарија. Според Бугарија ова е во спротивност со регулативите на ЕУ.  Потпретседателот на Сојузот на бугарски транспортни работници Веселин Дангов смета дека тоа е дискриминаторски однос кон превозниците.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе