Хуманоста на дело

Кавадарци на нозе за малиот Марко, се бара соодветен донор на матични клетки

Денес кавадарчани ја покажаа својата хуманост. Трпеливо чекајќи на ред и надевајќи се дека токму еден од нив ќе биде компатибилен донор на коскена срцевина за Марко Ташев, кој боледува од имунолошка болест. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев објави фотографии и изрази благодароност до хуманите сограѓани. Родителите Маја и Митко Ташеви од Кавадарци апелира за повеќе потенцијални дарители за срцевина затоа што на нивниот син Марко итно му е потребна трансплантација на матични клетки.

Акцијата беше спроведена од страна на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет, при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј" Скопје. Марко е момче на возрст од 1 година и боледува од имунолошка болест која се лекува со трансплантација на коскена срцевина.

Сите хумани граѓани денес се собраа за земање на брисеви кое се одвиваше на две локации, на Градски Плоштад пред општината во Кавадарци и во Стрит Бар Кавадарци на ул. ,,Илинденска". 

Родителите на Марко ги прават сите напори да му обезбедат удобно и безбедно детство, но секојдневно се среќаваат со предизвиците на болеста, која бара и чести престои во болница. Бидејќи во семејството на Марко нема компатибилен дарител, Марко зависи од добрината на непознати луѓе за да се справи со имунолошката болест која му го загрозува животот.

Мајката на Марко вели "Патот по кој одиме е тежок и полн со секојдневни предизвици. Марко а многу мал и неговиот имун систем ги напаѓа неговите црева, што го ограничува во развојот. Понекогаш има и други симптоми и инфекции. Но, се бориме, размислуваме за сите можности и се надеваме дека ќе најдеме решение за Марко. Ве повикуваме сите кои сте во можност да се зачлените во НФС - Дарителски регистар за срцевина."

„Со пребарувањето во Меѓународниот регистар за дарители на срцевина не е најден компатибилен дарител, и надежта е дека оваа и слични акции ќе го зголемат бројот на учесници во регистрите во нашата земја и ќе ги зголемат шансите за да се идентификува компатибилен дарител за Марко, но и за други граѓани од нашата земја кои имаат ваква потреба. Одредувањето на компатибилност се изведува со земање на брис од образ. Тоа можете да го направите сами или да Ви помогне некој од вработените во НФС - Дарителски регистар за срцевина. Марко, родителите и целото семејство на Марко како и сите ние од НФС - Дарителски регистар за срцевина ви благодариме за спремноста да станете дел од светското семејство на потенцијални доброволни дарители за матични клетки. Дарувај срцевина. Дарувај живот!", е апелот за малиот Марко.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе