Кај кумановскиот „Ловечки дом“ шест пожари за неколку дена

Вчера кумановските пожарникари два пати гаселе пожар кај „Ловечки дом“ во близина на село Проевце, информира Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Првпат горела опожарена сува трева во период од 13.20 до 15.00 часот и четворица пожарникари ја гаселе со две противпожарни возила. Втората интервенција била на истата локација повторно за опожарена сува трева и противпожарната единица гасела со едно возило и двајца пожарникари во периодот од 17.50 до 20.40часот.

„Од дежурниот бевме известени дека за овие неколку дена во село Проевце бележат шест интервенции во близина на Ловечки дом каде е потпалена сува трева на различни локации во кругот на домот и најверојатно намерно да се потпалува од засега непознато лице“, инфорир РЦУК Куманово.

Во дневниот билтен се пренесува и информација и за вчерашниот пожар на помошен објект во село Пчиња во кој беше повреден сопственикот на објектот. Три противпожарни возила со шестмина пожарникари го гаселе пожарот во периодот од 04.05 до 06.30 часот. Повреденото лице е пренесено во болницата за укажување лекарска помош. Во пожарот изгореле земјоделски машини, жито и други предмети.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе