Обвинител и истражител за БТВ

Истрагата ги откри причините за пожарот во автобусот во кој изгореа 45 патници

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице" на бугарската телевизија БТВ. 

Истражителот Марјан Маринов вели дека во македонскиот автобус било „закачено" големо парче од заштитната ограда за гумата до влезната врата, било пронајдено и парче „свиткано како хармоника" и „уништена е пластичната цистерна, посочувајќи дека тоа предизвикало триење и искри
Позната е причината за пожарот и местото каде тој првично се појавил во автобусот со македонски туристи на автопатот „Струма", на враќање од туристичкото патување во Истанбул, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата. 

Маринов одби јавно да ја открие причината за пожарот и рече дека тоа „ќе им остави на експертите" кои веќе имаат свои „тези".

Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „закачено" големо парче од заштитната ограда за гумата до влезната врата, било пронајдено и парче „свиткано како хармоника" и „уништена е пластичната цистерна".

„Можете да замислите какво триење и искри имало", рече Михаилов.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „репариран" во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни кои од деловите биле оригинални, фабрички, а кои не.

Двајцата експерти кои вечерва говореле за БТВ само ги повторија претпоставките кои пред една недела на прес-конференција ги соопштија претставниците на бугарското Обвинителство.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе