Пријавила во МВР, но вели и појасниле дека не можат ништо бидејќи е полнолетна

Сведоштво на жртва на „Јавна соба“: И украле фотографија и објавиле дека нуди сексуални услуги (ВИДЕО)

Не стивнуваат реакциите по социјалните мрежи за групата „Јавна соба". Една година по обелоденувањето на овој случај, историјата очигледно се повторува. Истрага за првиот предмет уште трае, а веќе на Телеграм се појавуваат нови вакви групи во кои се објавуваат експлицитни фотографии од девојки, но и се крадат фотографии од социјалните мрежи, а потоа се објавуваат и телефонските броеви на девојките со образложение дека можете да ги барате за сексуални услуги.

Низ еден ваков пекол минала Ана, која на Инстаграм сними видео во кое објасни дека откако и биле украдени фотографиите и податоците, сакала да го пријави случајот во МВР, но од таму и било појаснето дека бидејќи е полнолетна полицијата нема надлежност за да постапува по нејзиниот случај.

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба", туку е препраќана и на други места. Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто. Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа. Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници. Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав. Малку се повлеков, еден ден, но потоа продолжив со животот, иако пораките и повиците не престанаа и уште не се престанати. Кое ниско ниво на морал е тоа? Единствено што можам да кажам е дека беше доста, претходно имаше многу жртви во вакви ситуации, ова треба да престане. Треба да се донесе закон што ќе не штити од ваков криминал. Секој еден може за нас да објави и напише што сака. Доколку се случи такво нешто на некоја ваша блиска личност, немојте да осудувате, но немојте и да молчите. Време е да прозбориме и ваквите ситуации да престанат“, сведочи Ана.

Апелираше до сите дека срамот од „Јавна соба “ не е нивни срам, туку на оној кој сакал да им наштети и ги охрабри да не молчат. 

„Ова не е ваш срам. Ова е срам на некој друг кој сакал да ви наштети, на кој намерата му е да се повлечете, да не излегувате надвор, да немате социјален живот, да си ги нарушите односите со фамилијата, партнерот, пријатели, на работа, да паднете психички – немојте да дозволите, главата горе, не сте вие виновни што користите социјални мрежи, туку оние кои тоа го злоупотребуваат“, додава 28 годишната девојка.

Денес за „Јавна соба “ имаше жесто реакции Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од МВР велат дека работат на расчистување на овој случај, но дека немаат одговор на нивните барања од Телеграм. 

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе