По објавената снимка

Идентификуван е и вториот насилник кој се закануваше дека ќе сече глави во автобус на ЈСП

Идентификуван е и вториот од двајцата заканувачи за кои пред неколку дена беше објавено видео на социјалните мрежи, на кое се слуша како се закануваат дека ќе сечат глави и ќе топат граѓани во киселина, откако добија опомена да стават маски додека се возат во автобус на ЈСП. Од МВР официјално велат дека лицето е идентификувано и дека по него се трага. Во полициска станица завчера заврши и другиот кој учествуваше во инцидентот. 

За време на инцидентот тие се закануваат дека останатите патници не знаат со кого си имаат работа, како и дека ќе ги заколат, ќе сечат глави и ќе ги стават во киселина.

„Ќе треба на некого главата да му ја сечам. Не се занесувајте. Ќе те носам и во киселина ќе те ставам. Ти не знаеш со кого си имаш работа. Што ако не е станица, овде јас кажувам. Ние сме верници, вие сте неверници и не знаете со кого имате работа", зборуваат на видеото објавено на социјалните мрежи двете лица.

На видеото се гледа како едниот од нив удира по држачите во автобусот и прашува дали овој шоферот има станица, на што останатите патници му укажуваат дека автобусот ќе застане на станица.

Но, на тоа тој возвраќа дека и државата и полицијата ќе работат за него и тој тука кажувал кој каде треба да застане.

„Има станица или нема овој шофер. И држават и полиција ќе работат за мене. Не знаеш ти со кого имаш работа. Ако не е станица, јас овде кажувам", се заканува еден од пријавените.

Според за сега неофицијалните информации двете лица кои се закануваат ја нападнале и девојката кога ги снимала и го обелодени заканувањето кон патниците.

Не се знае точно кога е направено видеото. Се очекуваат официјални информации и од ЈСП и од МВР. 

 

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе