И денеска топло со температура до 38 степени, попладне нестабилно

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во недела попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени, особено во северните делови.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе