Филипче повика

Граѓаните што ќе добијат симптоми да не шетаат по болници, туку да ја повикаат мобилната екипа дома

„Во случај на појава на симптоми, граѓаните да не шетаат по јавноздравствените институции, туку да ги повикаат надлежните епидемиолози за да биде организирана мобилна екипа што ќе ги прегледа во домашни услови“, рече министерот за здравство откако го најави првиот потврден случај на коронавирус во Скопје.

Министерството за здравство вчера ги даде телефонските броеви за пријавување на потенцијални случаи на коронавирус.

„Карантин и изолација ќе има само за лицата за кои со сигурност знаеме дека биле во контакт со заболено лице“, рече Филипче.

На денешната прес-конференција освен Филипче и премиерот Оливер Спасовски присуствуваше и доктор Жарко Караџоски, епидемиолог на Институтот за јавно здравје, кој предупреди да не се крева паника и истакна дека ситуацијата е под контрола.

„Наша стручна екипа од Институтот за јавно здравје пред два часа во полна заштитна опрема замина на Клиниката за инфективни заболувања и фебрилни состојби со цел да направи епидемиолошка анкета и увид во здравствената состојба на лицето кај кое во моментов е дијагностициран ковид-19. Добивме податок дека лицето е родено во 1970 година, од Скопје е и веќе подолг преиод престојувала во Италија“, рече Караџоски.

Сите што доаѓаат од земји во ризик „прво се скенираат со термокамера, потоа се спроведува епидемиолошка анкета и се тргаат на страна во просторијата за изолација“, рече д-р Караџоски.

„Едно позитивно лице, кое е сместено во соодветни институции, за нашата држава не претставува ризик за останатото население. Затоа ве молам, медицинските служби во секој момент се спремни, спремни сме за половина час да мобилизираме екипа таканаречена 'рапид риспонс тим'.“

„Населението може да биде мирно, ние владееме со состојбата, ништо не нè изненадило.“ 
 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе