Градоначалникот Пецаков заработи кривична пријава оти заразен со ковид славел Водици во Охрид

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој по тестирањето за ковид-19 не се самоизолирал додека го чекал резултатот, туку се појави на прославата на Водици. Кривична доби и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, кој се тестирал заедно со градоначалникот и добил позитивен резултат

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид.

Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година" одржана во Охрид, соопшти МВР. 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе