Апел да се вклучан сите хумани граѓани

Градоначалникот на Прилеп, Јовчески најави помош за семејствата чии куќи изгореа во пожар од гром

Вчера од удар на гром, изгореа 4 куќи на ул.„Кузман Шапкарев" во Прилеп. Пожарот се случил после полноќ, кога гром удри во една од куќите и ја опожарил, па огнените пламени брзо се прошириле на соседните три куќи. И покрај навремената интервенција на ТППЕ Прилеп, куќите изгореле до темел. Рано утрово градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, ги посети семејствата и ја увиде состојбата на терен, при што веднаш беа ангажирани екипите од ЈКП „Комуналец" и ЈКП „Водовод и Канализација" со своја механизација, во расчистување на остатоците од опожарувањето.

Градоначалникот изрази жалење за настанатата трагедија и посочи дека оваа беше една страшна ноќ за Прилеп, предизвикана од природна непогода, притоа апелирајќи до општествено одговорните компании во Прилеп и Македонија, да им помогнат на прилепските семејства во обновување на нивните домови.

„Рано утрово ги посетив семејствата и сочуствувам со нивната трагедија. Четири семејства останаа без покрив на главата, кога за неполн час од удар на гром изгореа нивните семејни куќи. И покрај навремената интервенција на противпожарната единица Прилеп, куќите изгореа до темел. Материјалната штета е огромна, но за среќа нема повредни и човечки жртви. Веднаш свикав итна средба со сите релевантни структури и претставници на институции од градот со цел, секој од својот домен, да им излеземе во пресрет на овие семејства, кој за миг го изгубија се' она што го печалеле цел живот.

На средбата првично одлучивме, како локална самоуправа, семејствата да ги ослободиме од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи, а Општината ќе помогни со максималната можна финансиска помош, предвидена за вакви немили случки. Семејствата, кои не можат да најдат сместување кај своите роднини или пријатели, ќе бидат привремено сместени во Домот за стари лица и ќе добиваат топол оброк од кујната на домот“, вели градоначалникот Јовчески. 

Тој апелираше до сите општествено одговорни компании, како и до сите хумани луѓе, да им излезат во пресрет и да им помогнат на овие прилепски семејства, на овие наши сограѓани, да си ги обноват своите домови.

Секоја помош е добредојдена!" потенцираше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

ТППЕ Прилеп интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари, кои го гаснеле пожарот до три часот по полноќ. За среќа нема повредени лица. Сопствениците на куќите изјавија дека огнот брзо се ширел и повикуваат на помош од сите хумани луѓе и компании.

Општина Прилеп, наскоро на својата веб страна, ќе ги објави и жиро сметките на семјствата за донирање помош, како можност што повеќе граѓани да помогнат во обновата на домовите на припепските семејства кои настрадаа од удар на гром .

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе