Гореше помошен објект со огревно дрво и нискостеблеста шума во Стрезовце

Во голем пожар вчера изгорел помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Куманово, пожарот беснеел шест часа.

„Територијалната противпожарна екипа на Општина Старо Нагоричане вчера имала една интервенција во сeло Стрезовце во периодот од 15.30 до 21.30 часот на запалено нискостеблеста шума од три хектари и помошен објект полн со огревни дрва и трупци. Во пожарот учествувале ТППЕ-Старо Нагоричане со две противпожарни возила возила и четворица пожарникари и сопственикот на објектот. Оштетеното лице не сака да бара испекциски назор за увид за настанатата штета“, стои во соопштението на РЦУК.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе