Експлицитни содржини достапни за околу 5.600 членови

Голи фотографии на девојки пак во јавност, Телеграм не соработува со МВР за истрагата за „Јавна соба“

„Јавна соба" повторно активна на Телеграм. Фотографии од голи девојки, лични податоци, адреси, телефонски броеви, профили на социјалните мрежи се достапни за околу 5.600 членови. Од МВР за МКД.мк велат дека водат истрага за овој случај, но и покрај испратените барања до платформата Телеграм, од таму до сега не одговориле ниту еднаш. Оваа платформа на ист начин постапувала и со другите држави, додаваат од МВР.

„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај", велат во одговорот од МВР.

Од таму апелираат секој граѓанин кој што бил жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица.

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки", додаваат од полицијата.

Во објавите по социјалните мрежи членовите на групата „Јавна соба" бараат да се објави идентитетот на девојката која случајот го пријавила во полицијата откако нејзина експлицитна фотографија се нашла во групата. Членовите ја нарекуваат девојките со погрдни и безобразни зборови.

Првата ваква група која беше откриена, во јавноста се појави пред една година. За сега дискутабилно е прашањето дали оваа група некогаш воопшто згаснала. 

К.Д.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе