Големо невреме и поплавени улици во Битола

Пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафатија Битола. Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплавување на дел од улиците во градот, што направи проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, пренесува Тера.мк. 

На социјалните мрежи граѓани преку фотографии реагираат на поплавени улици од силниот дожд, заради неможноста атмосферската канализација да ја собере големата количина на вода.

Како што претпладнево објавивме Управата за хидрометоролошки работи предупреди дека до средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе