Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово. Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.
Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.