„Единствено нешто што сигурно ќе се случи е дека од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Согласно проценката на ситуацијата до 21 јануари, ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има. Сите други мерки остануваат на сила“, рече Филипче по посетата на Институтот за судска медицина.
Работното време на кафулињата и рестораните до 18 часот започна да се применува од 18 декември и беше дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, за да се спречат групирања и новогодишни прослави.