Според грчкиот сајт Ромфеа

Епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј: Голем чекор за решавање на прашањето на МПЦ-ОА

Посетата на епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи и приемот кај вселенскиот патријарх Вартоломеј е голем чекор на Фанар за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА, објави грчкиот православен сајт Ромфеа.гр.

Фото: Ромфеа.гр

Ромфеа.гр, пренесувајќи оценки на претставници на Вселенската патријаршија, потсетува и дека приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј доаѓа неколку дена по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена Литургија во црквата Свети Пантелејмон, најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним.

„Приемот на епископот Партениј се одржа во Патријаршиската црква Свети Георги, во присуство на митрополитот Халкидонски г. Емануил. Треба да се спомене дека ова е првпат владиката на таканаречената ‘Македонска црква‘ во придружба на монашко братство и сестринства, да биде официјално примен од страна на Вселенскиот патријарх“, наведува Ромфеа.гр.

Епископот Антаниски г. Партениј со монаси и монахињи од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство, во средата беа примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар, седиштето на Цариградската патријаршија.

Како што изјавил за МИА отец Кирил од Бигорскиот манастир, вселенскиот Патријарх уште еднаш ја покажал својата огромна љубов кон Црквата Божја, како вистински татко на православните. Тој изразил епископот Партениј кој имал посебно обраќање кон неговата десветост.

Пред Патријархот било прочитано и монашко послание, по што пригодно обраќање имал патријархот Вартоломеј.

„Сесветиот патријарх ја искажа својата татковска грижа за сите нас и за црквата наша. На крај сите зедовме благослов од него, целивајќи му ја светата десница. Средбата во Фанар беше вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението. Си заминавме од Константинопол, царицата на градовите, исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на сесветиот патријарх г. г. Вартоломеј“, вели отец Кирил.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Ромфеа.гр

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе