Може да се пријави секој хуман граѓанин

Едногодишниот Марко боледува од имунолошка болест, итно му треба трансплантација на матични клети

Родителите Маја и Митко Ташеви од Кавадарци апелираат за повеќе потенцијални дарители за срцевина затоа што на нивниот син Марко итно му е потребна трансплантација на матични клетки. Сите хумани граѓани може да се пријават на линкот. Марко е момче на возрст од 1 година и боледува од имунолошка болест која се лекува со трансплантација на коскена срцевина. Градоначалникот Митко Јанчев на својот Фејбук профил ги извести сите хумани граѓани дека дарување за Марко Ташев дека земањето на брисеви ќе се одвива на две локации.

Едната е на Градски Плоштад пред општината во Кавадарци на 28.06.2022 вторник, од 14:00 до 16:00 часот, а другата во Стрит Бар Кавадарци на ул. ,,Илинденска“ од 16:00 до 18:00 часот.

Да покажеме уште еднаш дека Кавадарци е хуман град, напиша Јанчев. 

Родителите на Марко ги прават сите напори да му обезбедат удобно и безбедно детство, но секојдневно се среќаваат со предизвиците на болеста, која бара и чести престои во болница. Бидејќи во семејството на Марко нема компатибилен дарител, Марко зависи од добрината на непознати луѓе за да се справи со имунолошката болест која му го загрозува животот.

Мајката на Марко вели "Патот по кој одиме е тежок и полн со секојдневни предизвици. Марко а многу мал и неговиот имун систем ги напаѓа неговите црева, што го ограничува во развојот. Понекогаш има и други симптоми и инфекции. Но, се бориме, размислуваме за сите можности и се надеваме дека ќе најдеме решение за Марко. Ве повикуваме сите кои сте во можност да се зачлените во НФС - Дарителски регистар за срцевина."

„Со пребарувањето во Меѓународниот регистар за дарители на срцевина не е најден компатибилен дарител, и надежта е дека оваа и слични акции ќе го зголемат бројот на учесници во регистрите во нашата земја и ќе ги зголемат шансите за да се идентификува компатибилен дарител за Марко, но и за други граѓани од нашата земја кои имаат ваква потреба. Одредувањето на компатибилност се изведува со земање на брис од образ. Тоа можете да го направите сами или да Ви помогне некој од вработените во НФС - Дарителски регистар за срцевина. Марко, родителите и целото семејство на Марко како и сите ние од НФС - Дарителски регистар за срцевина ви благодариме за спремноста да станете дел од светското семејство на потенцијални доброволни дарители за матични клетки. Дарувај срцевина. Дарувај живот!“, стои во апелот за малиот Марко. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе