Еден хеликоптер ќе биде испратен во Грција за помош со пожарите, објави Петровска

„Заедно сме посилни, заедно можеме да бидеме победници во борбата со овие природни катастрофи!," напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на фејсбук.

„Солидарни сме со нашиот сосед и сојузник, Грција во борбата со огнените стихии. Еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија ќе биде испратен да помогне во борбата со пожарите, додека 30 армиски припадници се подготвени да помогнат доколку се јави потреба,“ објави Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе