Бројот на умрените луѓе бележи намалување од скоро 29 отсто во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е 189 луѓе, односно за толку луѓе е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените луѓе.
Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5 отсто во споредба со истиот период од 2021 година.
За третиот квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.