Двата авиони со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа пристигнаа во Скопје

На скопскиот аеродром пристигнаа двата воени авиони што полетаа од софискиот аеродром со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, а во едниот од нив е министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, во која, според најавите, ќе бидат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница. Најавено е присуство и на странски делегации.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

 

Објавено

Петок, Декември 3, 2021 - 11:25

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе