Според полицијата вчера во 20 часот во Полициска станица Аеродром Б.К.(30) од Скопје пријавил дека во село Долно Лисиче, скопско неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Пријава вчера во 22 часот стасала и во Полициска станица Драчево од Н.Н.(51) од Скопје кој пријавил дека на улица „Иван Хаџиниколов" бил каснат од куче скитник.
Пакети со мали кученца постојано се фрлаат близу Вардар, кај мостот што ги спојува Долно Лисиче и Гази Баба. Уличните кучиња растат, често се гладни и стануваат агресивни, па напаѓаат жители. Здруженијата за заштита на животни ги земаат, но ако никој не ги вдоми, повторно ги враќаат на улица и за овој проблем со години нема решение.
Пријави за кучиња скитници кои напаѓаат и каснуваат граѓани има и во Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров... но решение за овој проблем нема. Сите се глуви на апелите на граѓаните да се најде решение за уличните кучиња, како и на случаите кои го полнат билтенот на МВР.