Гевгелија

Доби „мерцедес“ од казино и беше приморан да даде оставка од директорско место во средно училиште

Цветан Неловски, директорот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија откако доби „мерцедес“ А класа од казиното Сенатор беше приморан да даде оставка од директорското место.

Неловски ја поднесе оставката до градоначалникот на општина Гевгелија од „лични причини“.

Разрешување на директорот Цветан Неловски побара јавноста во Гевгелија пред два дена кога беше објавено, со фотографии од казиното „Сенатор“ во Гевгелија, дека тој е добитник на награда - автомобил, јавија локалните медиуми. Меѓу тројцата добитници на награди „Мерцедес гранде џекпот“ е Нелоски кој освои автомобил „мерцедес“ А класа.

По тој повод беа објавени и фотографии од директорот Нелоски во казиното Сенатор како ја прославува наградата.

Ова предизвика бурни реакции меѓу гевгеличани за тоа „каков пример остава директорот на помладите генерации, учениците со своето однесување и посета на казина“. Веднаш беше побарана негова оставка од морални причини.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе