Дисциплинска постапка против полицајци од Неготино заради предупредувањето до новинарка

МВР соопшти дека ќе има санкции против претставници на полицијата во Неготино, откако по поплака од жена која со автомобил удрила дете, на новинарката на Фокус Вики Клинчарова, која напиша текст за оваа несреќа, во нејзиниот дом полицијата ѝ доставила документ „предупредување“ кое таа одбила да го потпипше. Ваквите дејствија претставуваат притисок врз медиумите и негативно се одразуваат врз слободата на јавното информирање.Клинчарова смета дека ваквиот однос на полицијата претставува обид за заплашување на новинарите и обид за цензура.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито" во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници, согласно колективниот договор, информира МВР.

„Министерството за внатрешни работи останува посветено на одличната соработка со новинарите и Здружението на новинари на Македонија и без никаква толеранција за вакви и слични случаи, кои ќе бидат соодветно санкционирани“, се вели во соопштението.

Вики Клинчарова

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира и посочува дека ваквите дејствија претставуваат притисок врз медиумите и негативно се одразуваат врз слободата на јавното информирање.

„Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да информираат поради што тие треба да се поттикнуваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски, а не да се заплашуваат.

Воедно потсетуваме дека секој којшто смета дека одреден медиум му наштетил со објавување нецелосни, непроверени или неточни информации, има право да побара од медиумот објавување на демант, одговор и исправка, или да поднесе претставка до саморегулаторните тела за медиуми“, се вели во соопштението.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе