Дежурни екипи ќе го надгледуваат локализираниот пожар меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци

Пожарот во планинските ридови помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци е локализиран попладнево во 17 часот, информира вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот“, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.

Во објавата се посочува дека во текот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово.

„Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер тракторот денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот“, наведуваа од ДЗС. 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе