Попладнево во Дебар Маало

Детето кое се изгуби возејќи велосипед е најдено и вратено кај родителите

Детето од Дебар Маало кое се изгуби возејќи велосипед и по кое трагаа родителите и полицијата, е најдено. Неговата фотографија беше споделена на социјалните мрежи и мајката апелираше за помош, да се најде детето. Детето возело мал зелен точак и било облечено во тегет маица и сиви тренерки. МВР официјално соопшти дека во 17.05 часот е пронајдено детето за кое од В.К. денеска во 16.03.часот беше пријавено дека се изгубило на подрачје на ПС Центар во Скопје.

МВР соопшти дека детето им е предадено на родителите.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе