Денеска со тропски температури, а попладне e можно невреме

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а на повеќе места можно е да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Од пладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

Во петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе