петок, 26 април 2024
Парламентарни избори 2024

Бектеши: Вреди со нас потпишаа дека нема да влезат во влада без уставни измени

Европскиот фронт предводен од ДУИ има договор со албанската опозиција Вреди дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Објавено на

часот

Сподели

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени.

Исто така, додаде Бектеши, во документот стои дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.

„Мислам дека другите потписи се од Вреди и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби“, рече Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ