Време

Денеска дожд, на повисоките места снег

Времето денеска претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид и Битола 7, Кавадарци 9, Крива Паланка 6, Берово 5, Дојран 10.

 Утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, но кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови да проврнува слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.Дневните температури ќе се движат од 5 до 14 степени.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе