Натпреварот почнува во 20.45 часот

Денес посебен режим на сообраќај поради фудбалскиот натпревар

Посебен режим на сообраќај денеска ќе има на сообраќајниците во близина на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје поради фудбалскиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Бугарија од Лигата на нации што почнува во 20.45 часот.

Министерството за знатрешни работи соопшти дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на возилата по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полицијата заради безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе