„Второто пронајдено лице е починато и сѐ уште се наоѓа на местото на настанот. За да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури“, наведуваат ЦУК.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов даде изјава со детали за несреќата од самот место на Шар Планина.
Синоќа околу 20 часот беше пронајден планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил со телесни повреди.
Акцијата за спасување почна синоќа по добиен повик за итен случај на 112 откако едниот од планинарите паднал од карпа во провалија.