Честитки на Пендаровски и Џафери по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.

„Курбан бајрам е празник на солидарноста и негувањето на добрите навики на милосрдието, дарежливоста и човечноста кон ранливите кои имаат насушна потреба од поткрепа. Важноста на празникот најмногу доаѓа до израз токму во периоди на економски предизвици со кои се соочува нашата држава и поголемиот дел од светот. Истовремено, Курбан бајрам е нераздвоен дел од вековниот соживот во македонското мултирелигиско и мултиетничко општество. Празничните денови се можност за продлабочување на взаемното почитување преку запознавање со традициите на различните од нас.

Уверен сум дека солидарноста кон ранливите и соживотот на различните во овие празнични денови, но и преку целата година, ќе ни помогнат сплотени да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваме на личен и колективен план. Во духот на таа сплотеност, да ја градиме Република Северна Македонија како наш единствен заеднички дом“, се вели во честитката на македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во честитката испраќа порака за обединување со цел, како што наведува, надминување на сите пречки или тешкотии.

„Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, на сите припадници на исламската вероисповед во земјава и каде и да се сте надвор од неа да Ви изразам честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан бајрам, со надеж дека празникот ќе ве најде во добро здравје, душевен мир и семејна топлина. Курбан Бајрам, како празник на солидарноста и сочувството, празник на широкоградоста и простувањето, разбирањето и меѓусебната почит помеѓу луѓето, без оглед дали се блиски или далечни, познати или непознати, нека ги облее срцата на сите луѓе и нека ги исполни со радоста што ја носи овој голем ден, Нека биде причина плус за заедничко собирање околу семејната трпеза, за споделување на тоа што го имаме и тоа што го немаме, колку и да е тоа многу или малку, со тие што имаат помалку среќа и благосостојба“, наведува Џафери.

Според Шафери, човештвото поминува низ тмурен период на постоење, кога е во прашање безбедноста на животот, економската егзистенција и здравствената благосостојба и граѓаните на Република Северна Македонија не се исклучок.

„Иако имаме напредна технологија и глобализацијата се чувствува во секој агол, повторно сме далечни и страни. Повторно сме осамени и сами ги биеме нашите интер-персонални и интра-персонални битки. Да не дозволиме барем за суштинските прашања да бидеме сами туку, да се обединиме за надминување на секаква пречка или тешкотија што се појавува пред нас. Да го славиме заедно животот и да ја градиме заедничката иднина. Сите сме неотуѓив дел од ова тло и грижата и чувањето на истото е обврска на сите нас“, пишува претседателот на Собранието, Џафери.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе