Средба Тасевски-Силвестри

Борбата против корупцијата, криминалот и трговијата со дрога е значајна за соработка помеѓу Италија и Македонија

Во Министерството за внатрешни работи денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски одржа официјална средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Андреа Силвестри, на која се говореше за досегашната одлична билатерална соработка и можностите да биде продлабочена во иднина.

На средбата,како што соопшти МВР, била нагласена важноста на борбата против корупцијата, организираниот криминал, трговијата со дрога и илигалната миграција, како и можностите за нивно сузбивање преку соработка меѓу двете земји. 

Директорот Тасевски изразил благодарност пред се за подршката за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи преку организирање на обуки за македонските полициски службеници. 

Од страна на италијанскиот амбасадор Силвестри, била нагласена благодарноста кон Министерството за досегашната поддршка на полицијата за одредени истраги, при што се размениле планови и идеи за унапредување на соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Италија и на Република Северна Македонија.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе