Обилни врнежи во Пелагонија

Битола за половина час се затрупа со снег, врнежи и во Прилеп (ВИДЕО)

Утрово, околу 10 часот, во Битола започна интензивно да врне снег и за само половина час улиците побелеа, а сообраќајот стана отежнат. Снег се чисти и во Прилеп.

Како што јавува ТВ Тера, низ големите сообраќајници во Битола е отежнато движењето на возилата, автобусите го забавуваат сообраќајот на кружните текови, а со автомобил е тешко искачувањето на повисоките места, како што е Брусничката населба.

(Видео на ТВ Тера)

Во Прилеп исто така претпладнето врне снег, а градоначалникот Борче Јовчески одржа итен состанок со фирмата задолжена за чистење на градските улици.

                                                                                     Фото: Општина Прилеп

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе